Моќта на боите

mokjta-na-boite-povekjeБоите играат голема улога во нашиот живот иако не им посветуваме големо внимание. Имено, боите и човековото расположение, како што покажале бројни...


...истражувања, се поврзани. Црвената боја буди моќни контрадикторни емоции, а сината е одлична за смирување на стресот.

Ви откриваме какви емоции будат разните бои.

Црвена
Оваа моќна боја буди емоции како што се стравот, лутината и страста, според стручњаците, црвената боја е многу комплицирана и нејзините нијанси предизвикуваат различни емоции. Жените во црвено се најпривлечни, а црвената боја за многумина е и симбол на љубовта. Црвената се смета за боја на страста. Кога е во прашање облекувањето, црвената боја не е за секого. Можат да ја носат само луѓе со голема самодоверба.

Сина
Ако сакате да се смирите, насочете го погледот кон нешто сино, бидејќи е докажано дека таа боја го намалува притисокот. Сината боја смирува, но не ве прави депресивни, затоа што е присутна во природата. Океанот и небото се сини и предизвикуваат смиреност. Кога е облекувањето во прашање, добро е да се носи сина боја кога се оди на интервју за работа бидејќи така ќе оставите добар впечаток. Сината боја се поврзува со довербата, силата и стабилноста.

mokjta-na-boite

Зелена
Бојата на тревата, лисјата и другите богати вегетации, присутна е во природата, а со самото тоа носи позитивни конотации. Се мисли дека преставува совршена боја за релаксација и освежување, како и за обновување на енергијата. Зелената боја се поврзува со природата и растот, но и со повторното раѓање. Им се препорачува на сите како избор за гардероба, бидејќи на сите добро им стои.

Жолта
Оваа боја во себе носи и позитивни и негативни конотации – од радост и среќа до завист и болест. Спектарот на човековите емоции зависи за кој тон на жолта боја станува збор. Ако е смирена топла жолта таа во нас ќе разбуди позитивни емоции. Ако е тонот студен, тогаш кај нас ќе предизвика одбојност. Луѓето кои што се облекуваат во топли тонови на жолта боја, зрачат со отвореност и пристапност.

Портокалова
Ова е комбинација на жолта и црвена боја, а буди позитивни емоции. Човековата потсвест ја доживува како креативна боја полна со ентузијазам. Тоа е боја која симболизира виталност и издржливост. Оваа боја е одличен избор за облека кај луѓето што сакаат да бидат поинакви. Одличен избор е и за спортска облека бидејќи е витална и го поттикнува вежбањето.

Би можело да ве интересира:

Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
Деми Мур - сексапилна на 62, Селена Гомез совршено ги „носи“ килограмите: Најдобро облечените на ELL... Џулиен Мур гордо ги покажа брчките на вратот и на 63 години беше една од најубав...
8 модни додатоци кои Французинките ги носат поинаку од другите жени Иако повеќето стилисти ќе ви кажат дека златото не оди со сребро, Французинките ...
Докторка од Србија е поим за убавина и шик моден стил (фото) Дали оваа докторка со префинет моден стил е една од најубавите жени во Србија? М...
Модни трендови од раните 2000-ти кои денес изгледаат смешно Некои трендови никогаш не би сакале да се вратат, на пример здолништа преку фарм...
Како да ги изберете вистинските панталони според обликот на телото? Постојат парчиња облека кои никако не смееме да ги носиме, а само поради обликот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg