Залижана коса за храбрите мажи

zalizana-kosa-za-hrabrite-mazi-povekjeЗалижаните фризури на нашите простори многумина ги поистоветуваат со сомнителни типови со кои како дополнителни елементи одат дебели златни синџири...


...сомнителна деловна преокупација и врски со црната хроника.

Она што многумина ќе ги изненади оваа пролет е фактот дека залижаните фризури се враќаат, а еден од првите кој го забележа тој тренд е италијанскиот дизајнер Roberto Cavalli.

Cavalli на својата пролетна ревија го престави мажот кој ќе биде во тренд оваа сезона: тој не се плаши од впечатливи детали, јаки бои, тесни кроеви, но ниту од залижана коса каква што некогаш носел Clark Gable.

И додека на почетокот од минатото столетие вакви фризури биле модерни и се сметале мажествени, до неодамна се сметаа демоде и застарени. Благодарејќи му на враќањето на ретро стилот и храбрите мажи, денес повторно се враќа оваа мода на залижани фризури и ја носат многу актери и пејачи.

zalizana-kosa-za-hrabrite-mazi

Leonardo DiCaprio i Theo Hutchcraft се само некои од мажите кои го прифатија овој тренд. Прилагодете си го трендот и бидете сигурни дека ќе го носите уште многу години, бидејќи се работи за тренд кој никогаш не излегува од мода – ако знаете добро да го носите.

Кога ќе одите на фризер барајте пократко стрижење од страните и одзади, а подолги нека бидат прамените на врвот од главата. Така истрижената коса можете да ја обликувате со гел.

Овие фризури се исклучително мажествени, а со соодветна комбинација на облека можат да бидат и многу секси.

Избегнувајте да ја комбинирате со секојдневни и спортски парчиња – оваа фризура е премногу елегантна за тренерки и патики.

Многу подобро изгледа со елегантни класични парчиња на пример костум како и со деловни комбинации.

Би можело да ве интересира:

Како најдобро да ги комбинирате големите обетки, без да изгледате „кич“? Кога избирате ланче и големи обетки, обрнете внимание на деколтето и фризурата к...
6 есенски комбинации на бои со кои нема да погрешите Сте помислиле ли да комбинирате бургунди со црно или тегет со жолто? Оваа есен е...
„Го најдов совршениот фустан од ZARA, заради кој градите ми изгледаат поголеми за една корпа“ „Навистина не сум благословена во пределот на градите, но овој фустан на ZARA то...
8 вообичаени грешки поради кои облеката и чевлите се уништуваат брзо и завршуваат во корпа за отпадо... Можеби звучи смешно, но пробајте го трикот со замрзнување на хулахопките пред да...
Модни комбинации во бела боја кои ќе сакате да ги копирате оваа пролет (фото) Оваа пролет облечете се во бело „од глава до пети“. Со доаѓањето на првите ...
Кои српски пејачки ги обожаваат креациите на нашиот Златко Јовановски? Златко Јовановски, кој за себе вели дека е „кралот на светкавото“, е омилен меѓу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg