Прстенот ја открива вашата личност
Ако треба да одберете прстен, имајте на ум дека обликот за кој ќе се определите може многу да открие за вашата личност. Што вели обликот на прстенот...
...за личноста која го носи?
Овален облик – Сакате да претерувате и да ги преминувате границите. Кичот за вас е позитивен збор кој многу лесно го комбинирате.
Тркалезен облик - Вие сте традиционална личност која со партнерот има многу длабок, пријателски и романтичен однос.
Форма на квадрат – Сакате скапо и елегантно, имате многу префинет и пребирлив вкус. Сакате да фантазирате и сонувате за недостижни работи.
Облик на солза – Сакате класично и невпечатливо, но со доза на индивидуален стил. Вие сте самостојна и многу посветена личност.
Облик на око – Обожувате ретро и копнеете по елеганцијата и гламурот на златниот Холивуд од четириесеттите години.
Облик на срце – Вие сте романтична личност за која не постои изреката „помалку е повеќе“. Сакате гламур и не се срамите тоа да го покажете.