Домашен пилинг
Кога станува збор за здрава и убава кожа важат истите правила како и кај здравата исхрана - секогаш кога нешто може да се приготви дома избегнувајте...
...купување готови производи. Пилингот е едноставен третман на отстранување на мртвите клетки од површината и подобрување на текстурата и изгледот на кожата.
За враќање на сјајот на вашето лице и тело доволни се неколку основни состојки што сигурно ќе ги најдете во кујна. Ние ви предлагаме два пилинга што лесно се подготвуваат.
Се употребуваат како и сите други - со нежно триење на чиста кожа (без шминка), по што се одмиваат со млака вода.
1. Помешајте 1 мала лажичка мед и 1 мала лажичка рендана кора од лимон (или исцедете малку сок од лимон) во три големи лажици маслиново масло и додајте неколку големи лажици шеќер.
2. Во една голема лажица маслиново масло додајте една мала лажичка морска сол.
Истиве може да се употребат и за цело тело, само треба да ја зголемите количината. Доволно е да ги користите еднаш неделно.