Стилот за 2012 (прв дел)
Судејќи по колекциите на најголемите модни дизајнери оваа година девојките ќе ја истакнат нежната страна и сонцето ќе го поздрават облечени цветно и шарено.
Оние кои не го сакаат дамскиот стил ќе имаат богат избор од животнски принт, а освен со голото рамо самодовербата и сексипилот ќе се подгреваат со префинета секси долна облека.
Не само што ќе се носат шарени свилени марами, туку и панталони и фустани во таканаречениот марама дезен
-->
-->
|
|
-->
|
|
-->
|
Животинскиот свет ќе царува во деталите. Од зебра чевлите на Џими Чу, преку скапоцени влекачи во накитот до чантите од лажна кожа од питон на Стела Макартни
Женственоста се враќа на сцена. И тоа во ретро форма за дамата која сака цветни, карирани и точкасти дезени и пастелни детали.
Од Мисони до Кавали, сите разголеа барем по едно рамо.
Корсетите се секси. Ова ќе биде година на префинета елегантна долна облека со многу чипка.