Украсете го домот во сино

ukrasete-go-domot-vo-sino-povekjeСè уште не е доцна да донесете одлука која боја ќе преовладува во вашиот амбиент за време на празниците. Би сакеле тоа да биде малку...


...поинакво од другите. Бело-сината комбинација е многу актуелна.

Користете ги сите нијанси на сина боја, почнувајќи од тиркизната па до темната кралска нијанса.

ukrasete-go-domot-vo-sino-1

Колачи
Испечете колачи во облик на ѕвезди и посипете ги со син кристал шеќер. Убаво ќе сјаат поставени на стаклена чинија и ќе мамат на уживање и дружење.

Празнична трпеза
Можете да се одлучите за темно сина прекривка со декоративни, миризливи свеќи во истата боја, или пак за промена употребете бела прекривка за маса на која сините детали во вид на машни и ленти совршено ќе изгледаат. Украсете се со сини топчиња со штрас и ќе бидете оригинални.

ukrasete-go-domot-vo-sino-2

Подароци
Спакувајте ги во украсна сјајна хартија во сина нијанса и со некое зелено гранче поставете ги на чинијата. Како детал ќе изгледаат многу примамвливо. Или, доколку немате хартија во боја, подарокот совршено ќе изгледа спакуван и во бела боја со сина панделка. Мислиме дека сите ќе останат без текст, нека е и ситница ќе има голем ефект.

Чаши
Секако многу важен детал. Доколку немате кристални можат да бидат и обични, но поставете ги симетрично, или во нив ставете салфети, а може и некоја порака.

Уживајте и пуштете ја фантазијата да работи!

Би можело да ве интересира:

Делува вулгарно и непрофесионално - летна гардероба која не е добар избор за на работа Парчиња гардероба, кои се апсолутен хит во текот на летото, но никако не се пого...
Кара Делeвињ, кралица на ризичните модни комбинации на Мет гала: Од елегантни фустани до голи гради Уште откако во 2011 година првпат се појави на Мет гала, британската манекенка К...
Идеи за труднички аутфити од македонските инфлуенсерки Од макси фустанчиња до комплети со гол стомак, каква мода ни презентираа македон...
Докторка од Србија е поим за убавина и шик моден стил (фото) Дали оваа докторка со префинет моден стил е една од најубавите жени во Србија? М...
Шик фустани кои треба да ги имате во плакарот (и со кои ќе блескате до крајот на летото) Од летото не останува уште долго, но тоа не значи дека не можете да блеснете во ...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg