Модни детали за најлудата ноќ
Многу девојки при комбинирање на детали за најлудата ноќ попрво ќе одберат свечен тесен фустан во модерна нијанса, или пак можеби лежерна...
...но елегантна комбинација на кошула и тесни фармерки.
Модните детали често ги занемаруваме, или ги ставаме во втор план до последен момент. Обидете се да го направите спротивното.
Вистинските трендсетерки знаат дека атрактивната комбинација за облекување има задолжителен додаток - моден детал кој со својот облик, боја или материјал го привлекува вниманието и гарантира оригиналност.
Без разлика на тоа каков дочек планирате – помирна вечера во некој ресторан, журка во омилениот клуб или забава во друштво на најблиските пријатели, сигурно нема да излезете од дома без ташна.
Таа вечер определете се за атрактивен помал модел во кој ќе ги ставите основните ситници - кармин, марамчиња и клуч од автомобилот или пак пари за такси.
Бидејќи црвената боја е заштитен знак за новогодишните журки, а сигурно сте чуле дека во новогодишната ноќ би било добро да се облече нешто црвено или барем да се има некој црвен детал за да ви биде среќна наредната година, па препоречуваме ташна во таа нијанса.
Кога се работи за накитот, на вас е да одберете дали ќе биде од сериско производство или уникатен. Важно е да не личи на оној кој го носите секојдневно и да делува гламурозно.
Ако облеката ви е еднобојна, разбијте ја со накитот во силна боја и силна шминка, или пак чорапи во некоја флуоресцентна нијанса.
Деталите за главата можат да бидат полн погодок, било да се работи за тиара со пердуви, шешир или шноли. Ви предлагаме првин да одберете каков украс ќе имате на главата, па дури потоа да го осмислите остатокот на комбинацијата.