8 вообичаени грешки поради кои облеката и чевлите се уништуваат брзо и завршуваат во корпа за отпадоци
Можеби звучи смешно, но пробајте го трикот со замрзнување на хулахопките пред да ги носите за да им го продолжите „животот“. Натопете ги со вода, па ставете ги во вакуумирана ќеса и оставете ги во замрзнувач преку ноќ.
Многу често правиме некои работи автоматски бидејќи сме навикнати на тоа. На пример, не ги закопчуваме јакните кога ги средуваме за зима, переме фармерки и свилени кошули заедно, ги ставаме џемперите на закачалка, па тие се развлекуваат...
И потоа, поради несоодветното чување или користење, ги фрламе побрзо отколку што навистина треба.
Кои се најчестите грешки што ги правиме и поради кои пребрзо ги уништуваме работите, а потоа ги фрламе?
Ги „чистите“ обувките од велур со турпија
Обувките од велур се тешки за одржување, а многу луѓе ги чистат со турпија за нокти.
Но, ова не смеете да го правите никако, бидејќи ќе се појават линии кои лесно се гледаат, а на некои места може и да го изгребете велурот, па да се појави „дупка“.
Сепак, постојат подобри начини за чистење, на пример, да натопите пешкир со вински оцет и да поминете преку нив.
Најдобро решение е да ги четкате со специјален сунѓер за велур.
Употребуваме пластични ќеси за да ја „заштитиме“ облеката
Сезонската облека е најдобро да се чува во кутии или платнени торби за да го задржи подолго време својот оригинален изглед и форма.
Пластичните ќеси кои најчесто ги користиме се добри за краткорочна заштита на облеката.
Но, на долг рок, тие се сосема несоодветни, бидејќи преку нив нема циркулација на воздух, а во некои случаи е можно да се создаде и влага.
И, сето тоа влијае лошо на облеката, бидејќи брзо ја оштетува и уништува.
Не користите торбичка за перење облека
Многу луѓе ги перат долната облека и деликатните парчиња облека на ист начин како и другите работи – само ги ставаат во машината и ја вклучуваат.
Но, оваа облека многу лесно се оштетува во барабанот – се развлекува и ја губи својата форма.
А, ако ја перете заедно со парчиња кои имаат копчиња, патент и слично, тие може да ја искинат деликатната облека или да повлечат некое конче
За да го спречите ова, користете специјална вреќичка за перење, направена од полиестер која ќе ги заштити деликатните парчиња или долната облека од уништување.
Користите погрешни закачалки и не ги закопчувате јакните
Закачалките играат голема улога во одржувањето на облеката.
Па, така, некои работи не можете да ги закачите на пластични закачалки, а друга облека, пак, не смеете да ја ставате на дрвени закачалки.
За здолништа и панталони се најсоодветни закачалките со штипка, а за џемпери со копчиња и костуми – широки пластични закачалки.
Дебелите дрвени закачалки се најсоодветни за палта и јакни.