Одберете совршен новогодишен подарок
Декември одминува, а вие не знаете што да подарите за Нова година? Би сакале тоа да биде нешто корисно, но и достапно. Ние за вас направивме...
...краток водич за купување на подарок.
ЗА НЕА
Чанта
Мала црна ташничка секогаш е добредојдена. Доколку е украсена со некои сјајни детали или циркони, секогаш ќе измами насмевка на лицето на девојките кои сакаат да изгледаат елегантно.
Пижами
Топлите пижами се одлични за зима, а низ градот има богата понуда на памучни модели.
Секси долна облека
Жените се најпосакувани во заводлива долна облека. Одберете нешто чипкано и романтично, бојата нека биде по ваш вкус, нема да погрешите.
Фустан
Жените никогаш немаат што да облечат иако им е полн плакарот. Пред да тргнете на дочек, израдувајте ја партнерката со некој тесен фустан кој ги истакнува нејзините облини.
ЗА НЕГО
Капа и ракавици
Ваков комплет сигурно ќе го израдува секој маж затоа што вашиот избор зборува дека сакате да му биде топло. Може да одберете еднобоен или комплет со шари, како и да е подарокот е убав и практичен.
Масажер за седиште за кола
Многу мажи доста време поминуваат зад воланот, а доколку сакте да му го олесните долгото возење, изненадете го со масажер за седиште.
Долна облека
Својот партнер можете да го изненадите со квалитетни боксерки, кои ќе му се допаднат и нему и вам. Можете да купите и шарени боксерки со весели шари.
Часовник
Модните критичари напоменуваат дека ниту една машка комбинација за облекување не е потполна без добар часовник на раката. Па...размислете.
Секако дека има и други безброј предлози, но ова е само еден мал дел, мал потсетник. Дали ви помогнавме барем малку?