Најмладата модна икона на светот
Благодарение на плакарот преполн со дизајнерска облека шиена баш за неа, Сури Круз долго беше најмалото девојче со најскапи фустанчиња.
Но, откако Викторија Бекам ја доби долго посакуваната ќерка погледите на модните креатори се свртија во друга насока.
Харпер Севн има четири месеци и е најмладата модна икона на светот.
Со родителите Дејвид и Викторија Бекам, Харпер со самото раѓање доби слава и наследи одличен стил за кој е заслужна нејзината мајка, која полека но сигурно го добива место на врвот од дизајнерскиот свет.
Прв пат во јавноста малата Харпер се појави кога имаше само месец дена и тоа во боди со потпис на Stelle McCartney, а неколку дена потоа мајка и ја прошета низ Њујорк во дводелен комплет од марката Makie.
Пред ревијата на Викторија за пролет/лето 2012 на недела на модата во Њујорк, дизајнерката беше на шопинг со својата двомесечна ќерка која беше облечена во комплет на Stelle McCartney, а на самата недела на модата се појави во преубав комлет со потписот на Makie.
Додека беше во Њујорк малата Харпер можеше да се види во фустанчиња, чорапчиња, ленти за коса со потписот на брендовите: Bonpoint, Marie Chantal, Chloe и Terre de Sienna.
Викторија Бекам по три сина едвај ја дочека семејната галеничка, а се шушка дека покрај одличната креација која ја дизајнира за жени, сака да направи и линија на облека за деца.