Капа, шал и ракавици – детали за студени денови

kapa-sal-i-rakavici-detali-za-studeni-denovi-povekjeШаловите, капите и ракавиците се едни од најкорисните модни детали, затоа што не само што можат да го збогатат вашиот изглед, туку и ќе ве загреат.



Избор

Оваа година навистина е тешко да се снајдете во морето преубави и различни модели. Не можете да згрешите ако ставите волнена капа, шубара, вистинско или вештачко крзно, долги или куси ракавици, шарени или еднобојни, со прсти или без. На вас останува да ги вклопите меѓусебно и секако со палтото, обувките, ташната....

kapa-sal-i-rakavici-detali-za-studeni-denovi

Бонтон
Дамите по правило никаде не мораат да го симнат ниту шалот, ниту ракавиците, дури и кога се поздравуваат. Поради тоа, ако не ви е премногу топло, можат да ви послужат како моден детал и во затворените простории.

Капата ја чува главата
Одберете капа според сопствениот облик на лицето, како и според палтото и јакната која планирате да ја носите. За девојките и помладите жени, волнената капа е секогаш добредојдена за да го пополни имиџот на спортска елеганција. Оваа година популарни се разни карирани и еднобојни изданија од различни материјали.

Шубари повеќе не носат само повозрасни госпоѓи со подлабок џеб. Сега на секој чекот можете да ги најдете во разни бои, од вештачко и вистинско крзно. Оние со додатоци за уши се идеални за спортско издание и за многу студени денови.

Шал како моден додаток
Шаловите во последните неколку години стана неизоставен моден додаток во зима. Но, постојат неколку правила кои морате да ги почитувате при комбинирањето на облеката и шалот. Ако палтото ви е дебело, таков нека биде и шалот, ако палтото ви е темно и елегантно, таков нека биде и шалот.

Оваа година повторно се во мода шал-капи, односно шал и капа во едно. Ги има во многу комбинации, од спортски до елегантни. Но, внимавајте пред да купите таква капа, затоа што не и прилега на секоја облека.

Плетени кожни ракавици
Во текот на зимата ракавиците носете ги во чантата или во џебовите од палтото. Оваа година повторно се во мода оние само со палец, со отворени прсти, како и долги сè до лактите. Доколку сте се одлучиле за кожени ракавици, значи дека ќе ги носите со елегантна облека. На вас останува да одберете какви ќе облечете, кратки или долги.

Би можело да ве интересира:

Широки фармерки, палта, необични очила: Каков е стилот на Тамара Тодевска кога не е на сцена? Модниот стил на Тамара Тодевска на сцената и во приватниот живот не се разликува...
Летни комбинации со фармерки: Како да ги носите дури и кога е многу жешко? (фото) Само затоа што надвор е над 30 степени, не мора да се откажете од омилените фарм...
Најголемите модни грешки што ги прават дамите кои носат L и XL облека (и како да ги коригирате) Црната боја не е секогаш најдобриот избор, блузата не треба да ја ставате над па...
Нова впечатлива колекција HEARTBEATS'24 на ZANOV HEARTBEATS '24 е колекција која го негува феноменот наречен љубов, вклучувајќи г...
8 модели на чевли кои секоја жена треба да ги има – се носат со сè, во секакви пригоди Еспадрили за во лето и чизмички до глужд за есен и зима – за кои модели на чевли...
9 модни трендови на кои треба да заборавите оваа сезона Кошула-фустани веќе не се во мода, исто како и плетените фустани... Кои парчиња ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg