Совети за бикини депилација
Бикини депилацијата е редовна практика кај 70% од жените. Депилацијата со восок бара и одредена дисциплина до која е пожелно да се држите, а за да...
...биде побезболна држете се до следниве совети:
1. Напијте се едно аспирин 45 минути пред закажаниот термин. Вашата реакција ќе биде значително помала, болката незабележлива, а делува и против воспаление на кожата.
2. Не се депилирајте за време на ПМС. Кожата е значително поосетлива и најдобро е да се депилирате три дена пред менструација. И нека не ви паѓа на памет третманот да го правите за време на циклусот.
3. Избегнувајте вежбање и припиена облека по депилирањето. Никој не сака иритирана кожа на интимните делови на телото. После депилацијата кожата е посебно чувствителна на пот, бактерии и иритација која може да се предизвика од тесна и неудобна облека од неприродни материјали.
4. Зголемете го вниманието „таму доле“. Немојте да седите на сомнителни ве-це даски. Држете ја долната облека сува.
5. Договорете третман од 15.00 до 17.00 часот. Човековиот праг на толеранција на болката е најголем во овој период од денот. Избегнувајте депилација во раните утрински часови.