Како да се одбере парфем?
Одговорот на прашањето зошто некој парфем ни се допаѓа е многу порационален одошто ни се чини. Станува збор за патот кој почнува во носот...
...кога ќе го помирисаме омилениот парфем, тогаш се активираат посебни рецептори и му праќаат порака на мозокот.
Милиони неврони кои ја примаат пораката моментално патуваат и ја транспортираат пораката во мозокот, каде се создаваат чувствата. Така со помош на хемиски реакции во главата почнува процес на ментални асоцијации кои ги поттикнуваат емоциите. На крајот, за само неколку секунди и тоа несвесно, парфемот ни се допаѓа или пак не.
Ако сакате парфемот подолго да се задржи на вас, нанесете го на вратот, превојот на дланките и лакотот. Внимателно со употребата, парфемот може да направи незгодна дамка. За да го избегнете тоа, нанесете го мирисот пред да се облечете. Ако пак ви се случи незгода, облеката исперете ја со млака вода.
За да одберете вистински парфем за вас, времето на избор нека биде помеѓу 10 и 11 часот пред пладне, тоа е време кога чувството за мирис е најосетливо. Немојте да испробувате повеќе од три парфеми – мирисот многу бргу се заситува и после третата проба нема повеќе ништо да чувствувате.
Ако пак сакате одбирањето да трае подолго, направете пауза. Напијте се кафе, затоа што мирисот на кафето ќе ги неутрализира дотогаш испробуваните парфеми. Испробувајте го парфемот не на тестер ливчиња туку нанесувајќи го директно на кожата.
Ако не сакате веднаш да бидете впечатливи, туку ви се допаѓа нешто дискретно, ви предлагаме цветни мириси. Можат да се користат и навечер и преку ден, а зад вас ќе остават нежен мирис. Ако сакате нешто подинамично, одберете некој од „свежите“ мириси – ти е се поостри и повпечатливи, иако слатките мириси се посоодветни за ден и за во дискотека.
За чисто вечерна варијанта посоодветни се силни мириси. За оваа цел се употребуваат парфеми со нота на мошус и појаки овошни или растителни мириси – со елементи на тимјан, портокал, цимет и лаванда.
За неа:
Moschino Glamour
-->
|
Gucci Rush II |
Armani City Glam Femme |
Boss Pure Purple |
За него:
Boss In Motion |
Calvin Klein Truth Men AfterShave |
Boss Selection |
Azzaro Silver Black |