Денес слободно можеме да кажеме дека човечката сексуалност е флуидна и многу покомплицирана отколку што се верува. Постои широк спектар на љубовни односи – од асексуални личности, кои имаат романтични врски без сексуални односи, до комплицирана структура на полиаморија, во која не постои моногамија, туку поединечни правила. Иако ова не е нов поим, во последниве години сè повеќе се зборува за автосексуалноста и за автосексуалците.