Многумина Кама Сутра ја доживуваат само како колекција на сексуални пози, но истата е многу повеќе од тоа. Освен сексот, античкиот текст се фокусира на односот меѓу љубовниците, како и на самата љубов. Иако советите се стари илјадници години, повеќето правила за квалитетна врска и секс лесно се применуваат и денес. За древниот индиски мислител Ватсјајан, кој ја напишал Кама Сутра, сексот е дел од природната рамнотежа на животот. Ова се неговите три правила за максимално сексуално задоволство.