Таа имала живот и пред вас
Тешко дека има поинтересна тема од минатото на жената. Што правела пред да ве запознае вас, како се запознавала со бившите момчиња, како и...
...приоѓале, како реагирала таа... Има безброј прашања, глава да ве заболи.
За важниот дел на чувствата, наречен искуство, мора да се има респект, но како што и самите знаете – искуството не секогаш е пресудно кога е во прашање решавањето на разните проблеми.
Понекогаш проблемите можат да се создадат од минатите искуства, ако не сме еластични и ако не ја цениме доволно сегашноста.
Што прават мажите кога сакаат да ги дознаат тајните од нејзиното минато?
Кога жената е заљубена, минатото на саканиот не и преставува проблем, за разлика од мажот кој ја користи секоја случајна или намерна прилика за анализа и истражување. Што побргу мажите сфатат дека е невозможно да се проникне во сите тајни на минатото, тоа ќе биде подобро за нив.
Дури и кога на некој начин би успеале да си го приближат минатото, би можело да се каже дека тоа е Сизифова работа, затоа што на крајот, што имаат од тоа што знаат кој ја љубел пред нив?
Тие непријатни податоци повлекуваат нови прашања. Не се задоволуваат само со името, ги интересира како ја љубел, местата на кои се состанувале, дали е подобар љубовник од нив и колку...итн.
Жената, се разбира, никогаш не одговара на тие прашања – ако е паметна.
Минатото е целина посебна за секоја жена. Тука нема генерализација и воопштувања. Многу е поедноставно и повеќе користи ако се анализира сегашноста, сегашниот момент во кој таа е покрај нив подготвена да ја подели својата блискост со него.
Мажите би требало да ја анализираат реалноста, податоците кои таа им ги дава, а минатото да го остават во заборав, доколку таа одлучила така да биде.