Забрането време за секс
Време е за сите припадници на машкиот пол да сфатат дека постојат некои работи кои се едноставно забранети кога е во прашање сексот...
...со спротивниот пол. Повеќето жени имаат долга „немој“ листа на која се сместени сите оние работи кои им го убиваат расположението кога е во прашање играта под јорганот.
Ова се дел од нив:
1. Лоша музика. Кога ќе го пригушите светлото и музиката, важно е да одберете нешто што ќе и помогне на вашата партнерка да се чувствува посензуално – забранети се лигави песни и некоја опасна галама.
2. Исклучете ги телефоните. Нема ништо поиритирачко од ѕвонење на телефон во предигра и за време на секс.
3. Бакнување без контрола. Не е важно колку самите на себе си изгледате секси во тој момент, но ако не знаете да се бакнувате како што треба и се понашате како да не сте виделе жена – паѓате на испитот уште на самиот почеток.
4. Без брзање. На жените им е потребно доста време да се возбудат. Поголем дел од нив сакаат да се бакнуваат, да се мазат и сл. Тие не доживуваат оргазам за две минути, затоа подобро потрудете се.
5. Здодевен разговор. Ја убива секоја желба за секс...
6. Преземете контрола. Девојките сакаат маж кој зема контрола во свои раце. Не прашувајте, не зборувајте. Водете ја играта. Вие треба да ги влечете конците.