Љубовни тактики на тазе врска

ljubovni-taktiki-za-taze-vrska-povekjeЉубовта, тврдат психолозите предизвикува потреба за „игри“ со кои партнерите сакаат да ја тестираат длабочината на своите и партнеровите чувства.


Се служат со разни тактики за да го проценат противникот, а всушност на извесен начин манипулираат со својот избраник и ризикуваат да го упропастат односот.

Еден од партнерите редовно се обидува да го „испита“ теренот, не се јавува, предизвикува љубомора, или ги заладува односите, а со тоа всушност само прави штета на врската.

Ненадејно заладување

ljubovni-taktiki-za-taze-vrska

Изгледате и имате навики како совршен пар, често се гледате и слушате. Разговарате отворено за сè, се смеете. Одеднаш сè престанува, ви се чини дека целата „работа“ во врската е на ваш грб, дека само вие се трудите. За оној што ги прекинува јавувањата и средбите, заинтересираноста на другиот преставува вистински доказ на наклоност.

Случајна средба

Додека се шетате, одеднаш во пресрет ви доаѓаат негови блиски пријатели или членови на семејството. Тој го „скенира“ вашето однесување. Нему вашето однесување му открива дали сте подготвени за обврска, врска со него, дали ви е непријатно.

Предизвикување на љубомора

Ако одите на забава каде што ќе има подолг список на поранешни партнери, а при тоа вашето момче/девојка помине повеќе време со некој од нив отколку со вас, најверојатно ги тестира вашите граници на љубомора. Наместо демонстративно да си заминете, дајте му до знаење со смирен тон дека таквите игри не ве интересираат.

Сте осетиле ли некоја од овие тактики и на ваша кожа? Слободно споделете со нас во коментарите.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: „Мојата љубовница остана бремена, сака да ја напуштам сопругата - Што да права... „Кога на колешката ѝ признав колку ми недостига кога не е на работа, ми кажа дек...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Најчестите сексуални проблеми во 50-тите години од животот (и како да ги решите) Намалено либидо, проблеми со ерекција, сувост… Некои промени кои доаѓаат со возр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg