7 совети за одржување на врската
Нема совршена врска. Таква постои само во бајките. Секоја врска се соочува со разочарувања во некои моменти, но за да бидат што помалку - следете...
...ги овие совети:
1. Во текот на расправијата држете се до темата и не го спомнувајте минатото како и претходните караници.
2. Верувајте си еден на друг. Добра врска се гради само врз основа на доверба.
3. Почитувајте го партнерот, секогаш интересирајте се за она што го прави и немојте да ја губите поврзаноста.
4. На конструктивните критики одговарајте веднаш, без да соберете еден куп негативни емоции во себе.
5. Слушајте се еден со друг.
6. Немојте да ја споредувате својата врска со врските на пријателите.
7. Научете како да си правите убаво еден на друг. Викенд надвор од градот барем еднаш во 6 месеци е задолжителен!