10 работи на кои мажите не можат да одолеат
Што сакаат најмногу мажите кај своите партнерки е прашање на кое е многу тешко да се одговори. Бројни анкети покажале дека постојат причини...
...кои откриваат некои навики или начини на однесување кои мажите ги сметаат за неодоливи.
Ви посочуваме неколку најчести примери:
1. Многу мажи откриле дека женската особина на слушање при разговор е многу важна, особено кога ќе се најдат во тежок период.
2. Спонтаниот женски бакнеж го заведува секој маж. Ништо не им е поубаво од нејзиниот утрински бакнеж и од оној за добра ноќ.
3. Мажите кои имаат домашно милениче не можат да замислат ништо попривлечно од жена која што ќе го засака нивниот влакнест, или пердувест член на семејството.
4. Иако сметаат дека тие се подобри возачи, мажите сепак сакаат жената да е способна и снаодлива зад воланот.
5. Мажите обожуваат жени кои навистина уживаат во нештата што ги прават.
6. Смислата за хумор е една од главните карактеристики кои мажите ги сакаат кај припадничките од понежниот пол.
7. Мажите навистина сакаат кога нивните партнерки добро готват, а причина за тоа е чувството на топлина која им ја создава домот и поврзаноста.
8. Мажите сакаат кога жената навистина ужива во храната без да ги брои калориите.
9. Сè повеќе мажи сакаат моќни жени кои се способни да се грижат за себе. Кревките домаќинки се минато.
10. На мажите убавината им е многу важна, сакаат покрај себе да имаат негувана жена која се грижи за својот изглед.
Дали нешто пропуштивме? Слободно дополнете нè.