Зошто грешиме во комуникацијата?

zosto-gresime-vo-komunikacijata-povekjeМислите дека одлично го познавате својот партнер и дека знаете како дише, но сепак се расправате. Американските стручњаци тврдат дека и кај...


...најдобро хармонизираните парови можни се грешки во комуникацјата.

Причина за тоа е поинаквото функционирање на женскиот и машкиот мозок. Погрешен збор, лут тон, или погрешно одбран момент другата страна лесно може да го сфати како провокација, недостаток на интерес или емоционално заладување.

zosto-gresime-vo-komunikacijata

Многу парови несвесно имаат лоши навики во комуникацијата. Тие грешки се толку ситни што долго остануваат незаблежени, но ако често се повторуваат, поврзаноста помеѓу партнерите слабее, тврди американскиот научник Стив Стефанс.

Една од најчестите грешки е започнувањето на разговор додека другата страна е зафатена. Жените мораат да знаат дека мажите не можат да вршат повеќе работи одеднаш, како што можат тие.

Додека се пред ТВ, компјутер или пак нешто поправаат, не е згодно време за разговор или испитување. Машкиот мозок тогаш е исклучен за сè друго, велат психолозите.

Најдобро е да се праша: „Дали си во гужва?“ или „Имаш ли време?“.

Од друга страна, мажите грешат ако почнуваат разговор додека жената е зафатена. Тие тоа го прават затоа што не сакаат „длабоки“ разговори, па бараат згоден момент кога жената не е подготвена за такво нешто.

Избегнуавјте воведи 

Сакате да му соопштите на партнерот нешто незгодно – воведот од типот „ова можеби нема да ти се допадне“ ќе го вознемири веднаш, па и ако темата не е толку лоша. Ситуацијата подобро ќе ја ублажите со соодветен тон и мирољубива гестикулација – три минути максимум.

Приказната не би требало да трае подолго од три минути и при тоа мора да биде насочена кон важното. Причината е едноставна – по три минути тој губи концентрација за една тема и потреба му е пауза. Прекинувајте ја приказната со прашања за да видите дали го интересира тоа што го зборувате.

Ништо премногу искрено

Искрени, а негативни забелешки можат да ја навредат другата страна. Истото се однесува и на поставувањето прашања на кои би можеле да добиете разочарувачки одговор. Откријте го само она што може да биде конструктивно за вас, а избегнувајте го она што прави повеќе штета од корист.

Без попатни приказни

Планирате да повикате пријатели на гости, но нему тоа сте му го спомнале тоа само патем и тој сфаќа што се подготвува, минута пред да дојдат гостите. Подгответе го вашиот партнер, внимателно нека ве слуша и немојте да го изземате од случувањата, изнесете му ги сите поединости.

Како ви оди вам комуникацијата?

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
„По породувањето чувствував болка при секс и бегав од сопругот – Како успеав да го решам проблемот и... „Ако слушнете како некој се фали дека има многу секс по породување, немојте ведн...
Што најмногу гледале Македонците на Pornhub во 2023? На деталниот приказ по најгледани категории на филмови за возрасни се најде и Ма...
Порака до сите љубовници: „Не барајте мир во туѓа неволја и не се лажете дека не сте виновни“ Зошто постојат жени што прифаќаат да бидат нечии љубовници? Зошто веќе не се цен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg