Кога говорот на телото повикува на секс?

koga-govorot-na-teloto-povikuva-na-seks-povekjeДали би сакале да знаете кога сигналите на телото водат кон секс? Научете да забележувате и правилно да протолкувате. Кога некој ни се допаѓа...


...се обидуваме да го привлечеме со давање на одредени знаци за кои се надеваме дека ќе ја постигнат целта. Тие знаци се разликуваат кај мажите и жените, но често пати од двете страни значи пат до секс.

Од поглед до допир  

koga-govorot-na-teloto-povikuva-na-seks

Можете да флертувате на директен или индиректен начин. Кај директниот флерт се работи за брз телесен контакт додека кај директниот флерт потребна е одредена тактика која обично започнува со заводлив поглед. Тоа трае околу три секунди и се повторува во паузи, затоа што целта гледа во друга насока, но со погледот секогаш се враќа кон нас.

Потоа следи пристапување. За флертот да се претвори во познанство една од личностите мора да го пробие мразот. Некогаш флертот може да заврши на брзина, ако пристапот не е во вистинското време или ако е изведен на погрешен начин.

Кога другата личност пристапот го прифати со одобрување, телото постепено продолжува со својот говор кој на крајот би требало да доведе до секс. После пристапот следи телесно приближување. Имено, за време на пријатниот разговор партнерите меѓусебно и телесно сè повеќе се приближуваат, што многу лесно може да доведе до прв допир.

Некои соговорници телесно се приближуваат веќе по неколку минути разговор, додека на други за тоа им е потребно повеќе време. Жената како изговор за телесно приближување го користи палењето цигара.

Кога жените ги емитуваат своите сексуални сигнали?

Грешиме ако мислиме дека мажите се тие кои го прават првиот потег во зближувањето. Многу сексолози и стручњаци мислат дека првите потези и тоа во поголем број случаи го прават жените, било за време на танц или некој друг начин, бидејќи така ја покажуваат својата достапност. Жената на својот избраник ќе му покаже убав насмеан поглед, ќе ги облизнува усните, или по своето тело лесно ќе тапка со прстите.

Многу жени во близина на избраникот, кого со задоволство би го завеле, ќе се помилуваат по вратот или лицето. Некои си играат со здолништето, лесно подигнувајќи ја. Ако во раката им се наоѓа чаша пијалак, таа лесно ќе го допира нејзиниот раб. Нивното одење ќе биде бавно и одлучно.

Сексолозите велат дека жената која е активна и игра, ќе биде многу повеќе забележана од онаа што само пасивно седи. Додека на првата мажите ќе и пријдат просечно на секои 20-25 минути, на другата ќе и пристапи еден на секои два часа.

Разговор и бакнеж 

Мажот често пати за време на разговорот ќе се обиде на жената д аи остави поволен впечаток нагласувајќи ги своите успеси, а жената ќе емитува знаци на прифаќање или одбивање.

Ако разговорот го следи со внимание цело време и одржува контакт со поглед, тоа значи дека го прифаќа соговорникот. Ако секој час гледа некаде на страна, тоа е знак дека веројатно бара начин како да го избегне соговорникот и целиот разговор.

Еден од знаците на женската заинтересираност е и нејзиното играње со косата. Во повеќе од 50% на случаите жената ќе биде таа што ќе го изведе првиот допир.

Тоа може да биде допирање на вратоврската, кошулата или неговите колкови, што всушност се и најсилните знаци дека ја привлекува.

Во тој момент мажот и жената најчесто се потполно хармонизирани во поглед на говорот на телото.

Ако таа отпие голтка пијалак и тој ќе престане да зборува и ќе го направи истото. Ако тој ја допре нејзината рака, таа ќе му го возврати допирот. Веројатно по сите тие сигнали ќе следи бакнеж, кој секогаш ветува нешто повеќе. А тоа „нешто повеќе“ е секс.

Би можело да ве интересира:

Зошто жените над 40 години сакаат да се состануваат со помлади мажи? „Младите мажи се поатрактивни и поенергични, плус добиваат ерекција за миг. Исто...
Прашувам за пријател: „Мојата љубовница остана бремена, сака да ја напуштам сопругата - Што да права... „Кога на колешката ѝ признав колку ми недостига кога не е на работа, ми кажа дек...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg