5 причини зошто бившиот треба да остане бивши

5-pricini-zosto-bivsiot-treba-da-ostane-bivsi-povekjeРазмислувате да и се вратите на старата љубов? Дали ги заборавивте сите разлики, несогласувања и тешки расправии? Истражувањата покажуваат...


...дека враќањето на бившите во 99% од случаите лошо завршува.

Признајте дека некогаш сте помислиле да и се вратите на поранешна љубов. Обично за тоа размислуваат девојките кога се разочарани, тажни и осамени.

Тогаш, таа позната прегратка изгледа толку примамливо, затоа што е позната, удобна и топла. Сепак, враќањето на поранешниот никогаш не е добра идеја, а стручњаците за љубовни врски истакнуваат дека враќањето не е добро затоа што постојат причини поради кои таа врска се прекинала.

Ситните мани иритираат

5-pricini-zosto-bivsiot-treba-da-ostane-bivsi

Кога сте се запознале, неговите/нејзините ситни мани биле баш слатки. Вечното „академско“ доцнење ви било симпатично, а гласното џвакање на храната неодоливо. По извесно време – тоа повеќе не е така. Тие гестови ве иритираат, првата заљубеност бргу помина. Замислете колку сега би ви оделе на нерви овие иритирачки навики. Тоа и вие го знаете, длабоко во себе.

Исти методи

Ако му/и се вратите, повторно ќе се расправате околу истите работи и на ист начин. Тој (таа) и понатаму ќе мисли дека сте крал/кралица на приговарањето, а ни вие нема да го заборавите нивното неодговорно однесување. Паровите што ќе се смират, обично влегуваат во нова епизода на врската концентрирајќи се само на добрите работи. Но, оние лошите не испариле и повторно ќе бидат предмет на расправија.

Без фатална страст

Ако на некој начин го сакате бившиот/бившата тоа не значи дека меѓу вас постои хемија. Хемијата со време ја снемува. Можеби понекогаш и мислите дека сеуште помеѓу вас има „оган“, но факт е дека тлеењето на по некое пламенче не може да ја спаси врската. Признајте – привлечноста повеќе ја нема и не треба да се форсира нешто што повеќе го нема и нешто што во обновена епизода на љубовна врска ќе го има сè помалку и помалку.

Околу некои работи нема компромис

Луѓето се менуваат за да им напредува врската. Компромисите се нормални, а особено се неопходни во односот маж - жена. Меѓутоа, постојат работи околу кои нема „преговарање“.

Потсетете се на раскинувањето

Кога ќе помине одредено време, сите се сеќаваме на убавите работи. Токму поради тоа често пати погрешно гледаме на изминатите љубовни врски. Се присетуваме колку сме биле среќни, колку ни било убаво и колку сме уживале. Но, сетете се зошто сте раскинале! Сетете се на причините поради кои врската завршила и не се враќајте сè додека не сте сигурни дека причините за раскинувањето ги снемало.

Би можело да ве интересира:

Зошто не треба да глумите оргазам со вашиот партнер? (18+) Зборувањето за оргазмот не само што е поволно за врската, туку влијае и на целок...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Која секс поза под туш е најбезбедна и ќе ви донесе најголемо уживање, според сексолог? (18+) Безбедна секс поза и нелизгачка постилка во бањата... Што ви е потребно за сексо...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
Најчудните прашања за сексот што младите ги поставуваат на ChatGPT (18+) „Ако јадам многу чоколади или манчмелоу, дали мојата... знаете што, ќе има вкус ...
3 причини зошто некои жени се „магнет“ за лоши мажи и нарциси Ако забележувате дека постојано ве привлекуваат и завршувате во врска со ист тип...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg