Што кога ќе пукне кондомот?
Како што покажуваат последните истражувања, процентот на пукнати презервативи е многу мал, меѓу 0,4 и 2,3 проценти. Сепак...
..., ако ви се случи ова, не паничете. Најчеста причина за пукање на кондомот е погрешна употреба. Така што, ако се уште не сте уиграни, не е срамота да го прочитате упатството за употреба.
Ако презервативот го користите во вода, важно е да го ставите пред да влезете во вода.
Ако водата содржи хлор, пена од средство за туширање, сапун или друга хемикалија, тоа може лошо да влијае на латексот, и да дојде до пукање на презервативот.
Ако сте толкав баксуз, да ви се случи ова сред сексуален однос, без паника. Постојат начини на кои може да се спречи итно бременоста. Имено, таа треба да земе апчиња за контрацепција односно „пилули за ден потоа“. Тие се пијат во рок од 72 часа од незаштитен полов однос за да се спречи непосакувана бременост.
Во случај да се сомневате дека можеби ви се пренела и некоја полова болест, помош задолжително побарајте од лекар.