Безброј љубовни пораки

bezbroj-ljubovni-poraki-povekjeСакале да признаеме или не, забавувањето стана дигитално. Се флертува преку СМС пораки, чет, мејлови, за Фејсбук и да не зборуваме.


На страна да ги оставиме маните од ваквиот тип на комуникација, факт е дека секој вид на допишување го зголемува ризикот од неодговорени пораки, особено кога тие се долги и се составени под влијание на силни емоции.

bezbroj-ljubovni-poraki

Треба да се биде мудар. Основните правила на пристојност и убаво однесување не мораат да се сменат затоа што дошло до промена на технологијата, или затоа што модерните средства на комуникација сè почесто се користат во разни цели.

Жените очекуваат иста количина информации како од пораките така и од разговорот. Игнорирањето на клучните делови од пораките би било, едноставно речено, некултурно.

Кога ќе добиете долга порака од девојка, немојте тоа да го сфатите како последица од нејзината зборлеста природа (дури и ако е така). Таа од вас очекува иста постапка.

Кусиот и неинтересен одговор на километарсаката порака е една од оние работи кои ги лутат девојките (друга работа е предолгото чекање на одговор).

Испратете и некоја забелешка, или прашање во пораката која ќе биде долга барем колку половина од нејзината. Во спротивно ќе се запраша дали тоа го правите намерно за да ја откачите.

Ако сте зафатени, кажете и. Подобро така отколку да и одговорите незаинтересирано.

Девојките не треба да ги оставате да погодуваат каде сте и што правите. Доколку и вратите само колку да и одговорите, може да предизвикате непотребни сомнежи кај неа.

Би можело да ве интересира:

6 причини зошто жените наоѓаат љубовници, според терапевт Најчесто кога се зборува за неверствата се верува дека мажите наоѓаат љубовници ...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
Која секс поза под туш е најбезбедна и ќе ви донесе најголемо уживање, според сексолог? (18+) Безбедна секс поза и нелизгачка постилка во бањата... Што ви е потребно за сексо...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...
Знаци дека сте во врска со партнер кој ве контролира (дури и ако не ви изгледа така), според психија... „Сум имал многу пациенти кои биле во врска со партнер кој ги контролира и, во по...
6 митови поради кои си го уништувате задоволството во сексот, според експерт Мислат дека секој однос треба да биде спонтан и веруваат дека страста е поважна ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg