Машки одговори за сексот
Која е вечната женска дилема во љубовните односи? Жената не треба да се грижи дали има совршено тело, затоа што мажот, кога е возбуден...
...не размислува за тие работи.
Ова се 9 прашања за сексот на кои одговараат мажите:
1. Што мислат мажите за предиграта?
- Постои мислење дека предиграта е нешто што го бараат жените, а мажите го прават без желба. Меѓутоа, допирањето, шепотењето, галењето и сè друго што му претходи на сексот, всушност е составен дел на самиот секс – па зошто тогаш мажите би сакале тоа да го прескокнат?
2. Што навистина сакаат мажите во кревет?
- Најмногу од сè сакаат да ја возбудат својата партнерка.
3. Што е најпредизвикувачката работа што може жената да ја направи?
- Самиот факт дека девојката ужива во кревет со него е повозбудлива од сите трикови и потфати во креветот.
4. За што не треба да се грижат жените во тек на сексот?
- Не треба да се грижат за својот изглед - ако сексот е добар, нема работа со која сте вие незадоволни, а која мажот ќе ја забележи. Само можете уште повеќе да му се допаѓате.
5. За што размислуваат мажите за време на сексот?
- Се прашувам што ќе се случи ако го направам ова? Дали ги превземав сите заштитни мерки? Што ако забремени? Дали ужива? Ова е одлично, чувството е неверојатно...и слично.
6. Ако мажот не доживее оргазам, дали тоа значи дека не сум добра во кревет?
- Не. Тоа едноставно никогаш не може да се случи. Можеби е во прашање кондомот, можеби некој негов проблем во главата. Ретко кога таква работа има врска со девојката.
7. Како да го прашам партнерот дали се тестирал за полово преносливи заболувања, а да не го преплашам?
- Ако се налути поради вакво прашање, треба веднаш да го оставите. Навистина оваа тема го расипува расположението, но нема прчина да не ви одговори на тоа прашање...освен ако...
8. Дали кондомите навистина им ја отежнуваат работата на мажите?
- Да. Кондомите се проблематични, освен ако мажот не е многу возбуден. Но, според нивните зборови нема разлика помеѓу оргазам со и без кондом.
9. Колку зборуваат мажите за своите сексуални искуства пред другарите?
- Најверојатно исто толку колку и девојките со своите другарки. Се прераскажуваат најчесто некои екстремни ситуации, возбудливи или смешни, а често бараат и совет.