10 најдобри љубовни совети

10-najdobri-ljubovni-soveti-povekjeПсихолозите и љубовните терапевти издвоиле 5 главни фази во љубовта, а секоја од нив носи недоумици. Ќе се обидеме да ги решиме, барем делумно...


...со овие совети:

1. Една од најважните работи која треба да се запомни е тоа,  никако да не спиете со него на првиот состанок, се разбира доколку планирате иднина со него.  Да, многу врски така почнуваат, но постои ризик да ве вброи во категоријата - шема за една ноќ.

10-najdobri-ljubovni-soveti

2. Во првите два-три месеци на забавување поминувате еднакво – ако не и повеќе – време со пријателите. Момците често брзаат да стапат во врска, а потоа одеднаш ќе им текне „Ова оди пребргу!“. Вие мора да „стискате кочница“. 

3. Ако нешто ви пречи во неговиот стил на живот, кажете го тоа пред навистина да станете лути. Ако не му кажете дека ви пречи тоа што води премногу бирен ноќен живот, на крајот ќе се изнервирате и ќе експлодирате – што не спаѓа во мудри методи на комуникација. 

4. Нека тој прв ви изјави љубов. Генерално гледано, на мажите им е потребно повеќе време да ги „процесоираат“ чувствата и да ги вербализираат. Ако вие први ги изразите своите чувства, може да се почувствува „во тесно“.

5. Една работа заедничка за сите среќни паровие тоа што се занимаваат со интересни активности заедно. Се препорачуваат натпреварувачки игри бидејќи го зголемуаат нивото на адреналинот, што води кон поголема блискост. 

6. Немојте да дозволите тој да ве види додека вршите мала нужда, кубете веѓи, се депилирате... Немојте да ја убивате романтиката. Ако телото ви се променило со времето, немојте да му обрнувате внимание на тоа! Мажите ретко ги забележуваат деталите, како што се целулитот или опуштена кожа. 

7. За да сочувате малку мистерија, задржете некоја тајна за вас. На пример: колкумина сте имале ред него, што се случило кога сте излегле со другарки, дека некогаш сте пробале секс во тројка.....

8. Додека седи на каучот „скокнете“ на него, наместо до него. Секси динамиката бара малку труд, но тоа е вистинскиот начин да се сочува добрата врска. 

9. Двајцата во некој момент ќе се запрашате дали ќе бидете во состојба да останете верни. Задржете си ги тие преиспитувања за себе и не се навредувајте ако и тој има исти дилеми. 

10. Малку љубомора го одржува пламенот на страста. Повремено со насмевка раскажете му како сте откачиле некој додворувач. 

Помогнавме ли барем малку?

Би можело да ве интересира:

5 знаци дека сте лоши во кревет (и како да се подобрите) (18+) Размислувате за тоа што треба да купите и дали сте платиле сметки додека имате с...
„Прирачник“ за мажи: 12 докази дека таа е жената што ви треба во животот Таа е интелектуално предизвикувачка, односно со неа може да се водат интелектуал...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
Ефектот „Мерилин Монро“ е хит на социјалните мрежи – Како ми помогна во љубовниот живот? „Мерилин ти благодарам, ми помогна“ – вели колумнистката Јана Хокинг која редовн...
Најчудните прашања за сексот што младите ги поставуваат на ChatGPT (18+) „Ако јадам многу чоколади или манчмелоу, дали мојата... знаете што, ќе има вкус ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg