СМС романтика
Пишувањето љубовни писма или писма со индискретна содржина одамна веќе не е дел од додворувачката пракса. И мажите и жените денес тоа го...
...прават со СМС пораки. Новиот вид романтика е во својот подем, денес нема кој не поседува мобилен телефон.
За почеток избегнувајте во љубовните СМС пораки да праќате „смајли“ во вид на две точки, црта и заграда, кои потсетуваат на насмевка. Извинете, ама ова делува многу несериозно, а пишувањето пораки е сериозна работа.
При пишување пораки ограничени сте на стотина знакови, па од вас се бара прецизност. Дури и едноставна реченица: „Ти, јас, вечера, четврток, може?“, може да делува многу повеќе секси одошто чекање на вистински момент за такво нешто да се предложи во телефонски разговор.
Употребете неколку прашања и низ пораката провлечете ги своите скриени намери. При тоа бидете духовити и поставете услови за покана на вечера со вино.
А кога ќе се договорите за вечера, немојте веднаш да одговорите на нејзината/неговата последна порака, нека почека малку. Нека биде нетрпелив/а нека го исчекува главниот специјалитет на вечерта – вас лично!
Сосема е нормално да се допишувате со повеќемина истовремено, само треба да знаете дека тие не сакаат да знаат за тоа. Бидете дискретни и не си правете непотребни проблеми.
Кога ќе излезете на вечера, исклучете го мобилниот ако не сакате вашиот партнер да дознае дека со СМС пораки ја изневерувате со други.