Малите работи многу значат

malite-raboti-mnogu-znacat-povekjeПотребни се само 15 секунди некому да му се заблагодарите за неговото време, услуга или подарок. А ако ја пропуштите можноста да се заблагодарите...


...личноста на која сте и скратиле едно убаво чувство нема цели 15 години тоа да го заборави.

Без разлика на балканските гени што ги поседуваме, на сите ни е јасно колку ситниците понекогаш можат да одиграат пресудна улога во нашите животи.

malite-raboti-mnogu-znacat

Како кога некој ќе ви каже дека понекогаш е попаметно да се премолчи отколку за сите времиња да не паметат по некоја нечуена глупост.

Почитувајте ги луѓето во своето опкружување без разлика колку ви значат. На пример: запомнете го името на вашата сосетка, како и имињата на сите соседи. Запомнете кој спорт го тренира нејзиното дете и на која раса и припаѓа нивното куче.

Не само што ќе ве доживеат како сериозна личност, туку и како неприкосновен шармер. И воопшто, на децата секогаш посветувајте им потполно внимание, особено кога се наоѓате во нивно опкружување. Тие ќе умеат тоа да го препознаат.

Возрасните кои кон нас така се однесувале во детството секогаш на некој начин ни преставувале пример и подоцна ни останале во убаво сеќавање.

На крајот од краиштата, џентлменството не е нешто трендовско. Неговите правила важат за сите времиња, па во тој смисол помогнете и на својата понежна половина кога ќе видите дека не може самата да го направи. Таа го очекува тоа од вас, пружајќи ви шанса да се почувствувате силни.

Фатете се за работа, дури и ако не сте градени како билдер. И во секоја прилика почитувајте се себе си. Заборавете на ручеците „во кеса“ од рестораните за брза храна, кои не чинат ништо помалку од просечен здрав оброк.

Животот не е трка, како што ни нашиот организам не е канта за рециклирање на брза и нездрава храна.

Би можело да ве интересира:

„По породувањето чувствував болка при секс и бегав од сопругот – Како успеав да го решам проблемот и... „Ако слушнете како некој се фали дека има многу секс по породување, немојте ведн...
Зошто жените над 40 години сакаат да се состануваат со помлади мажи? „Младите мажи се поатрактивни и поенергични, плус добиваат ерекција за миг. Исто...
Исповеди од жени за нивните скржави партнери: „Дечко ми ме нема ниту еднаш почестено“ „Мојот дечко е богат, но секогаш ја дели сметката на пола до денар и бара да му ...
8 работи што емоционално интелигентните луѓе не му ги прават на партнерот Не ги банализираат проблемите на партнерот и не избегнуваат одговорност кога ќе ...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
3 причини зошто некои жени се „магнет“ за лоши мажи и нарциси Ако забележувате дека постојано ве привлекуваат и завршувате во врска со ист тип...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg