Ви раскинаа? И што сега?
Можеби сте знаеле што следи, а можеби и не. Сепак, сега сте сами. Добро, покрај влечењето низ дома во пижами и квалитетно поминатиото време...
...со далечинскиот управувач, што уште може да се направи? Тргнете ги облаците кои ви го попречуваат видот и некако ќе најдете излез.
Најважни се три работи:
- Водете сметка за себе
- Дозволете си време кое ќе ви биде потребно за да преболите
- Продолжете понатаму
Првите 48 часа
Првите 48 часа е најтешко. Барем еден цел викенд исплачете се, јадете брза храна и не станувајте од кревет. Додека трае таа кома на скршено срце, гледајте глупи филмови (или кунг-фу маратон).
Не го вртете бројот на телефон од вашата...сега веќе бивша љубов. Прифатете дека е сè готово. Знаеме дека е тешко во тој момент, но навистина е неопходно. Жалете за она што било, но сметајте го тоа за завршена приказна.
Првата седмица
После првите 48 часа, морате да станете од кревет и да се истуширате! Тоа е неопходно, не само од хигиенски причини (верувајте, во овој момент тоа ви е навистина неопходно) и затоа што треба да превземете некои чекори.
Тргнете ги сите фотографии на кои сте сликани со поранешниот партнер. Ако ви е потребно церемонијално кинење на сликите – само напред.
Доколку почувствувате дека ви недостасува поранешниот партнер, истиот момент запишете на што сè се сеќавате, а што ве нервирало во врската. Што повеќе хумор, тоа подобро.
Продолжува.....