Виртуелни онлајн односи (2)

virtuelni-online-odnosi-2-povekjeСите врски треба да напредуваат постепено, па така и виртуелните. Дури и ако знаете каде треба да одите, ако сте се упатиле кон најкоректниот можен правец...


...како што е на пример заљубување во личноста со која четувате – одете полека.

Ако побрзате низ фазата за запознавање, постои шанса да се излажете во многу нешта. Може да биде многу тешко повторно да создадете чувство за романтика кога еднаш ќе отидете предалеку.

Секогаш користете го хуморот. Тој ја разбива напнатоста и прави да се чувствувате подобро. Употребете го. Наместо да бидете сериозно бидете забавни....

Шегата во виртуелниот свет покажува дека нема  да ги прифатите работите пресериозно.

Штитете ги своите чувства на Интернет исто како и во реалниот живот. Тоа значи да знаете да кажете „не“ кога разговорот ќе тргне во погрешна насока и ќе ви стане непријатен.

virtuelni-online-odnosi-2

Секогаш можете да ја продолжите приказната следниот пат кога околностите на виртуелното нема да ви бидат сомнителни. Можете да давате зелено светло за страст, ако сте расположени за тоа, но немојте да се плашите да закочите ако се сомневате во автентичноста на она што се појавува на екранот.

Е сега, ако сте се заљубиле преку интернет, работите добиваат малку поинаков облик. Сајбер врската може да дојде до точка кога се прашувате дали треба да поминете на ниво на реалност.

Под услов и двајцата да не се гледате со други, можеби не би било лошо првиот чекор да биде конверзација преку телефон. Да се слушне нечиј глас е сепак нешто лично, во однос на читањето реченици.

Откако сте ја поминале фазата на фотографии, многу е веројатно дека фазата конверзација преку телефон ќе ве приближи кон реалноста.

Контактот преку Интернет ќе остане дел од вашите регуларна комуникација, но заљубеноста, доколку е искрена, ќе ве пренесе на ново ниво во кое и-мејл преписката нема да биде единствениот начин на комуникација.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
8 типови на жени по кои мажите лудуваат Од љубезната девојка во соседството, до мистериозната фатална жена, овие типови ...
Најголеми грешки што ги прават партнерите по разводот, според адвокатка на славни личности Ким Кардашијан, Бритни Спирс, Аријана Гранде, Анџелина Џоли, Џони Деп, се дел од...
Знаци дека пријателите (не)свесно имаат лошо влијание врз вашата врска Пријателите кои навлегуваат во лични работи, отворено го критикуваат партнерот и...
Што да правите кога вашиот партнер работи премногу? Работата е неминовна кога треба да се заработи за живот, а некои луѓе често рабо...
6 причини зошто жените наоѓаат љубовници, според терапевт Најчесто кога се зборува за неверствата се верува дека мажите наоѓаат љубовници ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg