Виртуелни онлајн односи

virtuelni-online-odnosi-povekjeРазговараат, се запознаваат, се заљубуваат и водат љубов на нет. Така најдобро би можело да се опишат интернет зависниците, жртви на најновата...


...зависност која опфаќа десет проценти од сурферите на мрежата.

Сајбер просторот крие нова, анонимна метода за интимно дружење. Колку и да изгледа необично, анонимноста и можноста за флертување, сексуалноста и романтичниот онлајн контакт стануваат се попопуларни.

virtuelni-online-odnosi

Никогаш порано овој начин на комуникација не бил достапен на толку многу луѓе. Анонимноста поттикнува храброст во однесувањето, па се прават многу работи кои не би се направиле во реалниот контакт со спротивниот пол.

Во реалниот живот, флертот лице во лице се состои со климање со глава, поглед со очите, опуштени конверзации, комплименти, сексуални илузии, гестови и шеги.

„Онлајн односите“ стануваат поинтензивни за пократко време. Директните и експлицитни коментари за сексуалното однесување можат да делуваат стимулативно и да ја поминат границата помеѓу обичен флерт и сексуален однос.

Во флертот има одредена граница или ограда. Границата уште повеќе ја истакнува реалниот свет. Можноста за одбивање и непријатност затоа што таа личност повторно ќе ја сретнете ги прават луѓето внимателни и го забавува нивното напредување кон повисокиот степен. Во виртуелниот свет тие вообичаени маркери ги нема. Нема вербални знакови на непријатност.

Тука е и силата на пишаниот збор – особено ако вклучува сексуални алузии. Писателот може да си даде време за обликување на зборовите, а може и однапред да си подготви скици или делови од разговорот.

Можат де се создадат личности кои се доверливи, чувствителни, романтични, додека во реалниот живот тие замолчуваат, се плашат од разговор, од поглед во очи...

Седејќи на столче во секојдневното опкружување, пред екранот на компјутерот, човекот има алузија на сигурност и заштитеност, што и го поттикнува поекстремното однесување.

Виртуелната врска не носи страв од сида, бременост, трагови од кармин на кошулата...

Би можело да ве интересира:

Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
8 работи што емоционално интелигентните луѓе не му ги прават на партнерот Не ги банализираат проблемите на партнерот и не избегнуваат одговорност кога ќе ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
„Алергична сум на семена течност и кондоми – Што ми се случува по секој секс?“ Алергијата на семена течност е мошне ретка реакција на протеините што се застапе...
Што најмногу гледале Македонците на Pornhub во 2023? На деталниот приказ по најгледани категории на филмови за возрасни се најде и Ма...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg