Што да и подарите?

sto-da-i-podarite-povekjeДали и за денешните припаднички на понежниот пол важат стиховите „дијамантите се најдобри пријатели на секоја жена“ кога станува збор за...


...купување на подарок за некој посебен датум?

Можеби и важат, но во се треба да се биде умерен, па така и при купувањето на подарок за некоја посебна жена. На почетокот од врската подароците треба да бидат едноставни и скромни.

Или, ајде да им се препуштиме на цените - во текот на првиот месец забавување ниту еден подарок не треба да ја поминува границата од 100 евра.

sto-da-i-podarite

Сè преку тоа би можело да биде потполно погрешно протолкувано, а со тоа ќе се сложат и повеќето дами, без разлика колку ги обожуваат подароците.

Меѓутоа, кога се жените во прашање, со нив никогаш не се знае што конкретно би сакаат. Така е и со подароците.

Вие помислувате дека и е потребен парфем, а таа посакува ситница за секој ден.

Она на што треба да се фокусирате и што не може да биде грешка е некоја неодолива комбинација искажана со внимание и изненадување.

Како кога ќе и подарите вазна и ќе и ветите дека постојано ќе биде полна со цвеќе, па така и направите.

Ако повеќе сакате практични работи (ако сте маж, многу е веројатно дека сакате), на крајот од состанокот однесете ја на бензинска пумпа и наполнете и го резервоарот за да има бензин повторно да се види со вас. Може ли да биде посимпатично и повпечатливо?

Совршениот маж е оној кој дава многу повеќе од пари. Тој го подарува своето време, а не мавта со банкноти.

Занемарете ги финансиските промашувања како прескапи марки на облека, нагласување на вашите парични ограничувања или сечкањето на купони за попуст.

Сконцентрирајте се на патувања, концерти, забави, мали знаци на внимание кои вашата избраничка сигурно ќе ги цени.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: „Сопругот дозна дека гледам порно и си замина од дома - како да го вратам?“ (1... „Се изненадив што тој се вознемири. Сега мисли дека не ме задоволува. Толку...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Дали ставањето 'лајк' на фотки од други жени на Инстаграм е неверство?“ „Веќе две години сум со моето момче и замислувам да се венчаме и заедно да основ...
Зошто жените над 40 години сакаат да се состануваат со помлади мажи? „Младите мажи се поатрактивни и поенергични, плус добиваат ерекција за миг. Исто...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg