Вратил невиност на 400 жени
Се повеќе млади жени патуваат во Германија на операција за повторно да станат невини. Како што открива хирургот кој на околу 400 жени им ја...
...вратил невиноста, тој зафат пред се го бараат муслиманките.
Зафатот трае 45 минути и чини околу 800 евра, а по породувањето речиси 2500 евра.
Штефан Гантер, хирург од Дизелдорф, открил дека имал многу барања за враќање на хименот, па затоа кон крајот на 2006 година се одлучил да оди на специјализација во Америка.
За помош му се обраќале првенствено муслиманки кои живеат во Германија, но му доаѓале и клиентки од Авганистан, Јемен и Турција.
Му се случило да ја изведе операцијата и кај една Британка чиј маж бил во затвор, па таа сакала да го изненади со „подарокот“.