Сексот е почест во лето
Научниците велат дека половина жени се сексуално поактивни преку лето отколку во остатокот на годината, но што е тоа што во тој период ги...
...зголемува сексуалните апетити на партнерите?
Причината лежи во тоа што одморите се добра можност паровите да го збогатат својот љубовен живот и да ја обноват страста во својата врска.
Исто така, за разлика од зимата, сонцето и топлината преку лето го зголемуваат расположението и оптимизмот, но и сексуалната желба.
На одмор сме порелаксирани и немаме толку стрес кој е присутен на работа и во секојдневните ситуации, па партнерот ни делува попривлечно од вообичаено.
Една од причините е и атрактивната гардероба.
Секси костумите за капење, кратките пантолачиња и маиците со длабоко деколте ја зголемуваат самодовербата кај жените, што ги прави попривлечни.
Не треба да се заборави еден важен фактор, а тоа е слободното време во комбинација со егзотичните дестинации кои ни оставаат многу време за фантазирање, помеѓу останатото и за сексот.