Типови на заводници
Постојат неколку типови на мажи кои може да ги препознаете кога ќе седнете и разговарате лице во лице. Има такви кои ќе ви ги симнат ѕвездите од...
...прва вечер, но и такви кои никогаш нема да се борат за вашето внимание.
Ова се три типа на класика заводници:
Муватор
Само што го запознавте, а веќе по половина час имате чувство дека вие сте единствената вистинска жена за него? Неговиот репертоар на комплименти фрла во сенка се' до сега што сте слушнале?
Внимавајте – немојте да му верувате! Типот има само едно на ум: секс!
Нашата љубовна прогноза: Доколку сакате секс за една ноќ, зошто да не!?
Но, немојте да очекувате дека заедно ќе ги слушате свадбените ѕвона – се сомневаме дека ќе доживеете и реприза помеѓу чаршавите.
Сериозни
И после четвртиот пијалак повеќе го интересира вашата работа, детството и вашето мислење за војната во Абесинија, а не содржината на вашиот градник?
Вечерта ја завршивте така што дома лежевте сами во кревет и си мислевте...каде ли погрешив?
Нашата љубовна прогноза: Немојте да очајувате!
Се' додека не добие чувство дека со вас е на иста бранова должина, ќе ги држи прстите подалеку од вас. Ќе ви се јави – тој е вистински кандидат за сериозна врска. Значи, време е да набавите уште една четкичка за заби.
Класичар
Или има повеќе од 80 години или навистина внимава на џентлменските манири. Секогаш ви отвора врата, ви го придржува палтото, а на крајот од вечерата го вади паричникот и ја плаќа целата сметка.
Нашата љубовна прогноза: Ако сте тип на жена која сака да ја носат на раце, што уште можете да посакате?
За тоа е премногу фин....