Жените и сексот
Жените се многу пребирливи кога е сексот во прашање. Некои работи повеќе ги сакаат, некои помалку, а некои воопшто. Бараат, а знаат и што...
...тоа е едниствената работа која дефинитивно може да се потврди.
Меѓу нив има и такви кои не сакаат мажи во затегнат слип (повеќето сметаат дека боксерките се посекси), а има и такви кои не сакаат влакнести гради или неизбричено лице...
Некои не сакаат безобразно зборување за време на сексот, или не го разбираат ритуалот со цигарата по сексот. Илјада жени, илјада умови.
Би се рекло дека е невозможно секоја да се задоволи. Секако, кога секоја жена сака нешто друго, поинакво.
Она што сигурно нема да и се допадне е прескокнувањето на предиграта, ако тоа го направите, не ви гине црвен картон. Нежноста е еден од сигурните патишта по кои треба да се оди кога се жените во прашање.
Сепак, веројатно најлошата работа која што може да ви се слуши за време на љубовниот чин е да ја ословите со име на друга жена. Нејзината реакција во таква ситуација може да се предвиди, но бидете уверени, нема да биде воодушевена.
Страшно е да се бараат „безобразни“ работи на вулгарен начин, да се зборува за сопствената љубовна умешност и способности, или да ја прашате дали и е добро.
Доколку сте помислиле дека по сексуалниот чин сè е готово, сте погрешиле. Жените обрнуваат посебно внимание на моментите потоа.
Ако сакате да заблескате во нејзините очи, немојте да ги користите заедничките моменти за да ја споредувате со своите бивши, но немојте и од неа да барате да прави паралела помеѓу вас и своите бивши – жените не сакаат такви ситуации, дури и ги презираат.
Немојте да се свртите на другата страна, немојте веднаш да заспиете ниту да се дружите со телевизорот.
Мала е веројатноста дека ќе и се допадне ѕвонењето на вашиот мобилен за време и веднаш по љубовниот чин. Такви работи, не се простуваат.