Кога мажот одбива секс?

koga-mazot-odbiva-seks-povekjeДа, јасно ни е дека е тешко во иста реченица да се стават мажот и одбивањето на секс, но ќе се преживее некако. Иако мажите се тие кои извисуваат...


...постојат моменти кога и нив ги „боли глава“. Барем така тврди интересната Британска студија која ја изведе фирмата Pharmaton.

koga-mazot-odbiva-seks

Изгледа дека дневниот стрес и забрзаното темпо на живеење го земаа данокот и таму каде што најмногу боли – во креветот.

Од вкупно 3.000 испитани Британци, повеќе од половина признале дека поради зголемен општ замор, мораат повремено да ја одбијат партнерката кпга таа ќе посака секс.

Само 20% рекле дека во нивниот речник не постои зборот „не“, додека 60% мажи признале дека повремено имаат проблеми со сексот во текот на работната недела.

Никако не се препорачува да се чека до доцна навечер за да се има секс, затоа што 50% од мажите тогаш во потполност се „вон погон“.

Дневните обврски и професионалните предизвици толку ги исцрпуваат мажите што тие повеќе сакаат добар сон отколку секс (кој поради уморот сигурно и не би бил добар).

Ова се 5-те најчести причини зошто мажите избегнуваат секс:

1. Недостаток на сон.

2. Исцрпеност по напорниот работен ден.

3. Партнерката иницира секс доцна навечер.

4. Опкружени сте со деца до доцна навечер и рано наутро.

5. Потреба за одмор по премногу социјални активности.

Ова не важи за оние 20% специјалисти на кои очигледно ништо не им преставува проблем.

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
Идеи за секс без пенетрација кои исто така пружат задоволство (18+) Покрај добропознатиот орален секс, постојат и други „игри“ во кревет кои не вклу...
„Му станав лична чистачка“ - Најтешките работи во бракот за кои никој не зборува „Во бракот има тешки мигови и не е дека има само пеперутки, но најголемата грешк...
Луѓе ги споделуваат најсмешните митови за сексот што ги слушнале (и во кои верувале) (18+) „Кога бев во средно, тогашниот дечко ми рече дека поради триењето, сексот може д...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Чекајте барем 6 недели, користете лубриканти – Што треба да знаете за интимните односи по породување... Штотуку сте донеле на свет нов живот, па нормално е да чувствувате промени, како...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg