Балкански романтик

balkanski-romantik-povekjeДали сте еден од оние мажи кои, кога се сами со својата девојка или жена, се нежни и се галат, изговараат најголеми нежности и зборуваат во деминутив...


...а кога се во друштво на колеги или пријатели, го менуваат тонот во формален и зборуваат со саканата личност како со деловен партнер. Такви сте? Е, па, не сте единствени.

balkanski-romantik

На многу мажи им е непријатно да гугуткаат на телефон во присуство на своите пријатели.

Не сакаат да освојат „златна папуча“, па често ќе го уништат она што е многу поважно – добриот однос со партнерката.

Не велиме дека треба да бидете онакви какви што сте на само со саканата, но секако треба да најдете златна средина, па така да ја освоите неа, а и почитувањето од другарите.

Мажите што се многу романтични често сакаат нивната девојка да им возврати со иста мерка. Понекогаш улогите и се менуваат, па понежната половина станува погруба, но тие се ретки случаи.

Како и многуте други предрасуди кои што го тресат општеството, фактот дека девојките се романтични, а мажите мачо фраери кои што го „одвојуваат пленот“, секојдневно предизвикува незадоволство кај припадниците од двата пола.

Имено, мажите во корен се спречени да ја покажат својата, машка страна, а девојките се осудени на потрага по внимание кога и колку можат.

Секако, доколку се заменат улогите и вие едноставно сакате да и купувате цвеќе, да и зборувате во деминутив, да ја држите за рака додека шетате и зборувате  со неа за тоа како ќе ви се викаат децата – слободно опуштете се и заборавете на предрасудите за „синдромот на балкански маж“.

Бидете она што сте, па и ако тоа не се вклопува во општествената слика.

Сепак, отфрлете го секое екстремно однесување. На жените им се допаѓаат не премногу романтични мажи, затоа што во најголем број случаи не им веруваат.

Би можело да ве интересира:

6 знаци дека имате лош сексуален живот (и како да се поправите), според сексолог (18+) „Добриот секс не е шоу, ниту филм. Нема потреба да си создавате таков притисок“ ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
Ефектот „Мерилин Монро“ е хит на социјалните мрежи – Како ми помогна во љубовниот живот? „Мерилин ти благодарам, ми помогна“ – вели колумнистката Јана Хокинг која редовн...
Што да правите кога вашиот партнер работи премногу? Работата е неминовна кога треба да се заработи за живот, а некои луѓе често рабо...
8 работи што емоционално интелигентните луѓе не му ги прават на партнерот Не ги банализираат проблемите на партнерот и не избегнуваат одговорност кога ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg