Препознајте ги нејзините потреби за секс
Сите задоволства во сексот и љубовта се во фактот дека не постојат правила и дека сè што прават мажот и жената во кревет е нормално сè додека...
...двајцата уживаат во тоа. Сепак, често се слуша дека нешто е нормално, а нешто не кога станува збор за сексот.
Каде се поставува границата и кој има право да ја постави?
Ако земеме дека нормален однос е оној од кој двајцата партнери излегуваат неоптоварени, задоволени и подготвени за уште секс – се чини дека таа граница не може да се постави.
Меѓутоа, она во што најмногу се разликуваме се потребите и способностите да бидеме сексуално задоволени. Препознавањето на сопствените и потребите на партнерката е сигурен пат кон добриот секс.
Во сексот не постои претеруaвње. Природата сама се погрижила за тоа; кога ќе се дојде до таа граница, жената станува пренадразнета, а мажот не може да доживее ејакулација.
Вистина е дека сексот е физичка активност која што најмалку заморува во однос на вложената количина на енергија. Ако навистина некој пат се исцрпите до крајни граници, таа исцрпеност најлесно се лечи – доволни се само неколку часа одмор, а повеќе секс го прави сексот уште подобар.
Да се има сексуален однос десет пати во текот на денот е необично, но се случува. Некои сексуални однесувања можат да бидат чудни, но тука не се поставува прашањето што и дали е нормално, туку зошто на таа личност и е потребно толку многу секс?
Значи, нормално е сè она што никого не го повредува и што не го поврзува сексот со анксиозноста – нормален сексуален однос е оној во кој нема ограничувања од страна на партнерите.
Работата е многу едноставна кога е сексуалната активност во прашање: правило е дека нема правила.
Немојте да правите нешто во што не уживате и откријте ги потребите на својата партнерка.