Да или не за брак?
Се вели дека венчавката во бело е сон на секоја жена и не само тоа, во нашите краишта се смета дека со жената што одбива понуда за брак, нешто не е во ред.
Како тоа да одбиете брак? Кога некој повторно ќе ве побара за жена? Поголем број од вашите пријателки се омажиле, некои имаат и деца, а вас ве побарале за жена – и вие сте одбиле?!
Секако, венчавката со вистинската личност е убава работа, тоа подразбира долг и среќен живот со партнерот кој ве сака а и вие него.
Само тоа не значи дека мора да ја прифатите брачната покана само поради некој ред на нештата или затоа што сите мислат дека треба да се венчате, или....
Има некои ситуации кога и покрај притисокот на околината, би требало добро да размислите што да одговорите на прашањето „Омажи се за мене!“...па некогаш одговорот може да е и „не“.
Сметате дека сеуште не сте подготвени за одговорностите што ги носи брачниот живот, тоа може да биде и минливо чувство на несигурност, но и сознание дека сеуште не сте зрели за брак.
Би требало внимателно да процените кое од двете пашања е проблемот. Дури и ако сте сигурни дека тоа е минливо чувство на несигурност, не би требало да брзате со бракот за кој не сте подготвени – ако тој е вистинскиот, ќе има разбирање и ќе ве почека.
Повеќето луѓе од вашето опкружување, особено вам блиските, се сомничави кога е во прашање вашата врска, но нивната сомничавост не мора ништо да значи. Сепак треба да се запрашате, ако баш толку многу луѓе се сомневаат, дали тие забележуваат нешто што вие не можете да го видите поради љубовната заслепеност, или пак не сакте да го видите?
Чувствувате дека некои други работи (кариера, забава...) ви се поважни од мирниот живот во двојка; тогаш почекајте со бракот.
Листата на работи кои кај него ви пречат е многу подолга од листата на работи што ви се допаѓаат; ваков брак треба да се избегнува. По правило, листата на работи кои што ќе ви пречат само ќе се продолжува, а листата работи кои ви се допаѓаат ќе се скратува.
Некако, чувствувате дека тој не е вистинскиот, иако долго време сте заедно и сите очекуваат да се венчате, иако мислите дека ви е време за брак и сакате брачен живот; и овде би требало да размислите и да кажете „не“ бидејќи ризикувате несреќен брак во кој ќе бидете незадоволни.
Сè е убаво, совршено, среќни сте, но во стомакот имате некој грч или мачнина при помислата на брак со него; можеби не сте подготвени за брак, или уживате да се забавуавте со него, но не се гледате себеси како негова среќна сопруга и мајка на неговите деца.
Се разбира, ништо од ова не се строги правила – можно е само да сте се уплашиле, па гледате проблем таму каде што го нема, или ви се чини дека имте некои чудни чувства можно е и да бидете среќни во бракот со него.
Сепак постои уверување, на ова поднебје, дека жената на покната за брак мора да одговори потврдно. Но, не мора.
Сосема е во ред да се рече „не“ доколку така се чувствувате. Нема причина да се каете поради тоа. Еден ден ќе речете „да“ – и ќе бидете среќни затоа што е направено вов истинското време и со вистинската личност.