Секс во автомобил?
Според истражувањата на сексолозите, најмалку секс во животот имаат мажите и жените кои седат зад воланот на порше. Таков одговор е добиен...
...при поставување на две едноставни прашања: каков автомобил возите и колку често имате секс во автомобил?
Резултатите биле проазителни за легендарниот автомобил на Фернандо Порше.
Помеѓу мажите, секс во автомобил најмногу имаат возачите на BMW, во просек два пати неделно.
Следат ауди, фолксваген, форд и мерцедес. Порше е последен на листата. Странските автомобили не се селектирани според марките на автомобил туку по земјата на потекло.
Сега знаеме дека возачите на италијанските автомобили, во просек, имаат секс два пати неделно, следат француските возачи, па јапонските и на крај шведските. Дури и возачите не корејските автомобили почесто имаат секс од оние на порше – просечно еднаш неделно.
За да не излезе дека само мажите имаат секс во автомобил, анкетирани се и припадничките на понежниот пол.
Работите стојат вака: најдобри изгледи имаат оние што возат француски автомобил (два пати неделно) или ауди. Потоа следат италијанските автомобили, па неизбежниот BMW, додека порше го нема на листата.
Интересно е дека Американците и Британците воопшто ги нема на листата, што би довело до заклучок дека тие воопшто не размислуваат на секс во автомобил, туку со своите скапи автомобили се возат до становите или куќите, во кои сексот сепак е покомотен и послободен. Останатите се покажале како малку поголеми авантуристи.
Од испитувањето може да се дојде до заклучок дека возачите на порше повеќе го сакаат домашниот, покомотниот секс.