Летни романси

letni-romansi-povekjeНајновите истражувања на психолозите покажаа дека галењето делува поволно на човечката психа. Повеќе галење – повеќе самодоверба...


...тоа е рецептот. Летото е вистинско време за изнаоѓање повеќе простор за себе, па и за нежности кон другите (оние што ги сакаме, пријателите, партнерот).

letni-romansi

Значи, најдобро е со допир да му покажеме некому што ни значи. Пронајдете време за малку нежност и внимание кое ќе ви биде возвратено.

Допирот на саканата личност ги јакне позитивните емоции и ја брише трагата на непријатните случувања, проблемите и стресот.

Ако сте осамени, повторно обидете се да пронајдете некој близок. Нека не ве обесхрабруваат поранешните неуспеси и бројните опоменувачи (неретко и лоши) приказни на вашите комшии, пријателки, баби, тетки....

Помислете само колку жители има на Земјата и ќе сфатите дека барем неколку се создадени за вас. Потоа, напред: дозволете и на својата потреба за нежност да превладее, а за возврат примете ги туѓите емоции.

Дури и без студиски проучувања и други детални анализи веројатно ќе се чувствувате подобро.

Галењето, допирањето и покажувањето на радост и пријатност е нешто што би требало да се „собере“ во текот на летото и од тоа да се направи „зимница“ за да ни се најде во досадните зимски денови.

Топлината ќе направи барем за миг срцето да ви чука посилно (велат на заљубените никогаш не им е студено).

Доколку сте успеале да го задржите допирот на саканата личност или личноста која ви се чини блиска, ете терапија за вашата самодоверба без разлика дали зборуваме за авантура, почеток на долга врска или едноставно – љубов.

Би можело да ве интересира:

Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg