Раскинување - да или не?

raskinuvanje-da-ili-ne-povekjeНе сте задоволни со врската, но не сте ни сигурни дали треба и понатаму да се трудите или да се откажете? Жално, но љубовта не гарантира дека...


...со некого ќе живеете среќно до крајот на животот.

Еве некои разумни причини поради кои дефинитивно треба да раскинете:

raskinuvanje-da-ili-ne

Ако сте физички малтретирани
Поматената свест можеби значи нешто на суд, но вие не сте адвокат. Игнорирајте ги сите изговори и извинувања – ако насилството се случило еднаш, ќе се случи повторно. Прекинете уште при првиот физички напад.

Доколку сте потполно различни
Неговиот сон е се да напушти и да се пресели на село, каде што може да се занимава со земјоделство, а вие сте амбициозна градска девојка. Еден од вас двајца ќе биде сериозно несреќен ако останете заедно. Втора варијанта: вие сакате да излегувате, а партнерот сака да останува дома. Побарајте некој чиј што животен стил е сличен на вашиот.

Тој/таа не е ни блиску до вашиот идеал
Доколку подолго време сте биле сами и несреќни, можете да дојдете во искушение да останете со некого само поради тоа што е покрај вас и сака врска со вас. Немојте да го правите тоа. Потребно е барем малку хемија и барем малку извесна иднина.

Партнерот не може да каже „те сакам“
Дури и ако има хемија, никогаш нема да бидете задоволни покрај личност која што не умее да ги покаже своите чувства, ниту со постапки, ниту со изговарање на магичните зборови.

Тој/таа нема време за вас
Во врска сте повеќе од шест месеци, но никако не можете да сметате на тоа дека ќе се појави; ниту кога ви се расипала колата, ниту кога одите на годишен одмор, ниту кога одите на дочек за Нова Година. Нема да ја нахрани вашата златна рипка додека сте на пат. Вие навистина немате сериозна врска.

Ако вашата самодоверба е разнишана
Партнерот се однесува така што вие не се чувствувате убаво; почесто ве критикува одошто ве фали, ве остава без зборови или никогаш не ве слуша.... Време е да си заминете. Во кавлитетна врска се чувствувате почитувано и сакано; се чувствувате достоинствено.

Доколку се јавуваат исти проблеми
Сте раскинале и подоцна сте се смириле. Меѓутоа, се повторуваат истите кавги, истите проблеми или различни видови на истиот проблем. Едноставно откажете се и најдете си друг/а.

Партерот направил непростлива грешка
Постојат и потези кои се толку подли да автоматски значат крај. Иако верувате дека можете да простите, никогаш нема потполно да се опоравите. Секогаш длабоко во душата ќе бидете очајни и лути поради случката.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg