Почесто водете љубов

pocesto-vodete-ljubov-povekjeШто почесто водите љубов – поголеми ви се желбите и можностите. Така функционираат работите во сексот и тоа е јасно како бел ден. Слично е со храната:


...ако се опуштите и уживате во храната, ќе имате поголема потреба за храна.

Човечкиот организам има совршен систем за адаптација, кој му помага подобро да се соочи со ситуациите. Ако имате ретки сексуални односи, автоматски и желбата се смалува.

pocesto-vodete-ljubov

Меѓутоа, ако барем два пати неделно му посветувате внимание на сексот, желбата останува силна а вашите можености во креветот многу поголеми.

Покрај тоа, сексот рапидно ја зголемува работата на крвните садови, нервниот систем и хормоните. Кај сексуално активните мажи поголемо е нивото на тестоостерон, хормонот кој ја стимулира желбата, а има и многу повеќе супстанца која е задолжена за ширење на крвните садови во долниот дел на машкиот стомак, што доведува до брза ерекција.

Благотворноста на честите задоволувачки односи се одразува и на психичката состојба. Стравот од тоа дека нема да се постигне добра ерекција имаат во главно оние мажи кои што немаат интензивен сексуален живот. Врската без добар секс ниту има смисол ниту пак шанса да опстои – така си е тоа.

Доколку сте се поставиле на прав начин, а тоа е да бидете „столб“ на својата врска, тогаш од вас зависи дали ќе направите досадата да исчезне од вашиот сексуален живот.

Сè треба да се освежува со нови детали. Направете го тоа паметно, така што партнерот секој ден замислува што го чека во кревет кога ќе се врати од работа.

Направете партнерот да сечувствува посебно, дури и ако не е така во моментот.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg