Избегнувајте тајни врски
Што е најчеста причина на разнишани долгогодишни врски и емотивни кризи кои рака на срце на сите ни се случуваат? Што предизвикува конфузни...
...деловни одлуки и стагнација во работата? Би се рекло дека не псотои иста причина за двата проблема, но животната ситуација често нè демантира, па и тука е таков случајот.
За немирно море во приватното и деловното опкружување обично се виновни тајните врски, оние кои се спаѓаат во некој вид „забрането овошје“.
Кога е во прашање љубовта, понекогаш моментите на голема страст ќе преовладаат. Во тој момент често ни самите не сме свесни дека под дејство на хормоните сме донесле одлука која што може да има гоелмо влијание на иднината.
Подоцна, секако нè боли главата, зошто не сме ја користеле во вистински момент, но тогаш обично е доцна.
Што ни преостанува? Единствено тоа, тој краткотраен излет во страст да се сокрие и премолчи. Меѓутоа, проблемот кој не може да се избегне е фактот дека ништо не останува тајна.
Слично е и на деловно поле. Со сета почит кон канцеларискиот бонтон, ништо нема да ви појде од рака доколку не сте биле доволно внимателни па пред некој колега лошо сте зборувале за другите колеги, или пак за шефот.
И уште сте очекувале дека тој, или тие нема да ја дознаат информацијата, дека тоа ќе остане помеѓу вас и колегата на кого сте му се довериле.
Да го занемариме деловниот бонтон за момент – да се држиме до Марфиевиот закон: кога нешто сме рекле и не сакаме да се открие, па подоцна и се покаеме за кажаното, тоа ќе стигне до личноста која во никој случај не смеела да дознае.
Што ни преостанува? Да внимаваме на импулсивноста и тајните врски, затоа што тие може да нè чинат многу повеќе отколку што сме подготвени да платиме.