Секс на плажа, да или не?
Една од честите романтични престави за водење љубов е онаа...на плажа. Во пракса, нешто такво може да се покаже многу незгодно и да предизвика...
...повреди – подобра е идејата да се води љубов додека имате поглед на плажа и го чувствувате мирисот на морето.
Да ги занемариме проблемите околу пронаоѓање плажа на која ќе имате доволно приватност. Да речеме, сте нашле плажа на која не сте во опасност некој да ве гледа ниту пак да бидете обвинети за неморал на јавно место.
Каде ќе водите љубов? Во морето? Тоа е незгодно, како и било кој начин на водење љубов во вода, затоа што водата ги испира телесните течности кои го овозможуваат безболниот секс, па така водењето љубов без подмачкување може да биде нолно и уште неколку дена не би ви текнало да го повторите.
Покрај тоа, морето може да биде слободно од капачи, но не и од морски животинки – со некои од нив не сакате блиска средба во моментите на страст со саканата личност.
Тогаш, на брегот, надвор од водата? Замислете го песокот кој секаде ви влегува...во интимните делови (можно е и болно триење), замислете како ви шкрипи помеѓу забите...
Можете да земете крпа за на плажа на која ќе легнете, или лежалка, но заштитата од песокот ќе биде само делумна, особено ако има ветар.
Каменито крајбрежје? Многу неудобно и потенцијално ...болно.
Водењето љубов на море може да биде страсно и романтично и да ви донесе големо уживање. Сепак, избегнувајте ги плажите и водата – ќе ви биде многу попријатно во соба со поглед на море, додека го чувствувате мирисот на морето, а нема никакви морски животни ниту песок кој би се вовлекол каде што не треба.
Доколку имате свое искуство, слободно споделете го во коментарите.