Мажите нежности, жените секс!
Кој би рекол? Мажите сакаат да се галат, а жените секс, барем ако му се верува на истражувањето спроведено во пет големи држави во светот на...
...илјада парови кои се или венчани или пак живеат заедно најмалку година дена.
Повеќето испитани парови имаат и до 25 години заеднички живот, а резултатите на оваа студија се изненадувачки.
Имено, машкиот дел од испитаниците признал дека галењето, грижата за партнерката, бакнувањео и покажувањето на наклоност му се најважните состојки за задоволство во долгата врска, додека жените своето задоволство го црпат од сексуалниот однос со животниот партнер.
Мажите, како што покажало истражувањето, се способни да одржуваат среќен и исполнет однос со партнерката ако здравјето им е добро, а посебно ги радува кога нивната партнерка ќе доживее оргазам, што не е случај со жените.
Сепак, двете страни признале дека нивната среќа се зголемува со бројот на годините поминати во врска, но и дека согласно тоа се подобрувал и нивниот сексуален однос со партнерите.
- Врз основа на претходното истражување научивме дека само долгите врски позитивно делуваат на здравјето, а со ова истражување се обидовме да дознаеме што е потребно за врската помеѓу партнерите да биде среќна и одржлива, изјавила иницијаторката на истражувањето Јulia Heiman, директорка на институтот за проучување на сексот, половите и размножувањето при универзитетот во Индијана.