Ќе се смени ли ако се земете?

ke-se-smeni-li-nesto-ako-se-zemete-povekjeВо некои врски се случува девојката да е подготвена да премине преку сè, затоа што ја чека венчавката и смета дека по венчавањето сето тоа...


...ќе се смени, дека тој ќе стане „посериозен“ и веднаш ќе стане примерен сопруг кој ќе прави сè што таа ќе му рече. Потоа доаѓа изненадувањето...тој и по венчавката се однесува исто.

ke-se-smeni-li-nesto-ako-se-zemete

Мажите, генерално земено, не се менуваат веднаш по венчавката. Се женат со девојката со која што уживаат и со која што им е добро, затоа што им се допаѓаат работите баш онакви какви што се и сакаат така да остане. Зошто би го менувале она што е добро?

Дали тоа значи дека мажите се неосетливи за нејзините желби и потреби? Не. Но, ако таа на ниту еден начин не му стави до знаење дека нешто и пречи и чека тоа само од себе да се смени, лесно може да се случи тој да не знае дека неа нешто и пречи ниту пак дека таа сака некоја промена. Му доаѓа како шок кога таа ќе го обвини за несериозност, дека се однесува како разгалено дете, а не како сопруг, дека таа мора се сама да направи...па не може така, тие се во брак...

Треба ли тогаш таа само да молчи и да го толерира и она што и пречи, да биде среќна само затоа што се мажи и да го прифати фактот дека тој нема ниту малку да се смени? Секако дека не. Не треба да дозволи работите до таму да дојдат – ако постои некој поголем проблем, не треба да се потиснува и да се голта, треба да се каже за што се работи.

Различни луѓе различно гледаат на работите, тоа што едниот од нив смета дека нештото треба да изгледа вака или пак онака не значи дека мислењата им се совпаѓаат, а ако тоа и не се каже....како би можел другиот да знае?

Не треба да се карате за секоја ситница, но не е и добро да се молчи и да се голта, а потоа одеднаш да се викне дека не може повеќе така.

Поента? Немојте да сметате на тоа дека бракот сам по себе сè ќе смени. Нема. Ако проблемот во комуникацијата постоел пред бракот, ќе постои и по него. Доколку постоело незадоволство поради некои особини на партнерот, тоа ќе остане и не поради незрелоста, несериозноста и неодговорноста, туку поради тоа што саканата личност не знае дека нешто ви пречи.

Комуницирајте и вербално и невербално. Од самиот старт на врската без подразбирања дека саканата личност може со телепатија да погоди нешто.

Така нема да биде потребно од венчавката да очекувате некоја голема промена – туку работите од прилика ќе бидат онакви какви што двајцата ќе сакате, а бракот ќе биде потврда дека сакате така и да остане.

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg