Мал показалец - поголем пенис
Од обликот на дланката и големината на прстите може да се прочитаат разни болести и состојби, а научниците открија уште една интересна можност.
Имено, проучувајќи ги дланките на мажите откриено е дека ако показалецот ви е пократок од оној до малиот прст, може да се пофалите дека имате поголем полов орган.
Ова откритие го објавиле јужнокорејците по направеното испитување на 144 мажи. Мерењето и споредбата на разликата помеѓу вториот и четвртиот прст на десната рака покажала дека мажите кои имаат пократок показалец, имаат и подолг полов орган.
Должината на прстите има освен естетско и здравствено значење, па така британските научници во истражување спроведено минатата година открија дека мажите со подолг показалец имаат помала шанса да заболат од рак на простатата.
Така мажите со подолг показалец сепак можат да се тешат дека здравјето е поважно од големината.
Како е кај вас?